Жител на Арканзас го освои џекпотот на „Пауербол“
- Последен пат џекпот на „Пауербол“ бил освоен на Бадник во 2011 година
Вашингтон, 25 декември 2025 (МИА) - Жител на американската сојузна држава Арканзас синоќа го освои џекпотот од 1,817 милијарди долари на лотаријата „Пауербол“, со што беше ставен крај на тримесечниот период без добитник.
Последен пат џекпот на „Пауербол“ бил освоен на Бадник во 2011 година, а сега станува збор за четвртиот најголем џекпот во историјата на САД, кој беше освоен по 46 последователни извлекувања без главен добитник.
Новиот добитник треба да одлучи на кој начин сака да му биде исплатена сумата, етапно или со еднократна исплата во готово која изнесува дали ќе ја добие наградата преку 30 годишни исплати во период од 29 години или ќе ја избере опцијата за еднократна исплата во готово, која за ова извлекување изнесува околу 735,3 милиони долари, без вклучено ДДВ.
Талоните за „Пауербол“ чинат два долара и се продаваат во 45 сојузни држави, како и во Вашингтон, Колумбија, Порторико и Американските Девствени Острови. мв/ми/
Фото: ВИ