• сабота, 22 февруари 2025

Жерновски отповикан од должноста амбасадор во Романија

Жерновски отповикан од должноста амбасадор во Романија

Скопје, 20 февруари 2025 (МИА) - Андреј Жерновски е отповикан од должноста амбасадор во Романија. Како што објави Жерновски, без никаква претходна најава, информацијата ја дознал неформално по нејзината објава во „Службен весник“. 

- Уште не можат да ги преболат трите круга и поразот во Центар. Од објава во „Службен весник“ дознав дека сум отповикан од должноста амбасадор на нашата земја во Романија, без никаква претходно добиена информација, што е спротивно на основните процедури пропишани во Уставот и Законот. Трагикомично! По 192 дена откако ме вратија на „консултации” во државата, при што брутално е погазен Законот за Надворешни работи, оваа одлука ја дознав сосема неофицијално. Очигледно, партиското резонирање повторно е посилно од законите и дипломатијата, објави Жерновски на својот Фејсбук профил. 

Указот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова за отповикување на Жерновски е од 14 февруари годинава. 

Жерновски како кандидат за нов амбасадор во Романија се претстави пред собраниската Комисија за надворешна политика во ноември 2023 година, а акредитивните писма, официјално ги предаде во март 2024 година. аа/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан