• недела, 11 јануари 2026

Енрике по мечот со Фламенго: Ова е прв пат да видам голман да одбрани четири пенали

Енрике по мечот со Фламенго: Ова е прв пат да видам голман да одбрани четири пенали

Ал Рајан, 18 декември 2025 (МИА) – Тренерот на Пари Сен-Жермен, Луис Енрике, го пофали настапот на рускиот голман Матвеј Сафонов по победата над Фламенго синоќа во финалето на Интерконтиненталниот куп.

По основните 90 и дополнителните 30 минути резултатот беше нерешен 1:1. Во пенал серијата европскиот шампион беше поуспешен со 2:1, благодарение на Сафонов кој одбрани четири удари од 11 метри.

- Ова е прв пат да видам голман да одбрани четири пенали по ред.  ние сме среќни што продолжуваме да освојуваме трофеи. ПСЖ ја заслужи оваа победа. Сега е време да го прославиме овој трофеј, да им честитаме на сите - на оние што играа и на оние што не - и да се радуваме за нашите навивачи. Сакаме да продолжиме да создаваме историја. Сега само треба да уживаме во овој момент, изјави Енрике за „Canal Supporters“.

Сафонов одбрани четири последователни пенали и беше прогласен за играч на натпреварот. Рускиот голман го освои својот шести трофеј со парискиот клуб. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан