• сабота, 22 февруари 2025

Електронската размена на податоци - тема на средбата на директорот на Фондот за пензиско, Никола Мемов со претставници на австриската Амбасада

Електронската размена на податоци - тема на средбата на директорот на Фондот за пензиско, Никола Мемов со претставници на австриската Амбасада

Скопје, 13 февруари 2025 (МИА) - Електронската размена на податоци била тема на средбата меѓу директорот на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов со Харалд Фугер, аташе за социјала, здравство и заштита на потрошувачи во амбасадата на Република Австрија во Скопје.

Како што соопшти Фондот, Мемов посочил дека македонско-австриската Конвенција за социјалното осигурување има голема важност и значење за заедничките  корисници на пензија во остварувањето на нивните права од пензиското и инвалидското осигурување.

-Во досегашната практична примена на Конвенцијата не постојат проблеми или отворени  прашања, а, доколку за  одредени пензиски предмети има проблеми, истите  се надминуваат преку контакт лицата  назначени од двете надлежни институции, рече Мемов.

Мемов се задржал и на статистичките податоци за остварени права и исплати согласно одредбите на Конвенцијата, односно за вкупниот број на поднесени и примени барања за остварување право на пензија и потврдување на стаж во двете држави, како и на вкупниот број на исплатени пензии на македонски корисници на пензија кои живеат во Австрија заклучно 31.12.2024 година.

Харалд истакнал дека електронската размена на податоци во областа на пензиското и инвладиското осигурување помеѓу двата фонда би придонело за уште подобра соработка и предложи склучување на Протокол за електронска размена на податоците.

Мемов посочил дека Фондот веќе има склучено договори за електронска размена на податоците со поранешните југословенски  републики.

-Сметам дека е потребно да се потпише Протокол со Фондот на Република Австрија, за што во наредниот период  од наша страна ќе биде доставен нацрт текст на македонски јазик и на германски јазик, истакнал Мемов.

Фугер, пак, како што стои во соопштението, ја истакнал подготвеноста на Австрија за помош во размената на искуствата во делот на координацијата на социјалното осигурување односно усогласувањето на законодавството со постоечките ЕУ прописи преку обуки и семинари. нд/ац/

Фото: ПИОМ

Остани поврзан