Екипите на „Чистота и Зеленило“ Куманово ги расчистуваат улиците од снег
- ЈП „Чистота и зеленило“ интензивно работи на расчистување на снегот во централното градско подрачје и во околните населби. Ангажирани се сите екипи, улиците се чистат согласно програмата.
Куманово, 21 јануари 2025 (МИА) - Екипите на „Чистота и Зеленило“ од утрово се на терен и ги расчистуваат улиците и локалните патишта од снег во Куманово, сооопштија денеска надлежните. Како што информираше директорот на комуналното претпријатие, Сашо Томиќ, улиците во централното градско подрачје се веќе исчистени и се чистат патиштата кон селата.
- Сите екипи сè на терен, се чистат според програмата усвоена од советот. Имаме на располагање механизација и доволно количини сол, изјави Томиќ.

За оваа намена, од општинскиот буџет издвоени се осум милиони денари.
-Имаме три специјални машини, камиони со плуг, две метлачки за чистење на плоштадите и трактор со приколка и преден плуг. Во моментов имаме обезбедено 25 тони сол, додаде Томиќ.

Согласно одлуката на Советот на Општина Куманово, претпријатието е задолжено за чистење на снегот од улиците, патиштата, тротоарите и јавните плоштади.ам/вј/
Фото: МИА и Општина Куманово