• сабота, 22 февруари 2025

ЕК: Русија не смее да биде наградена за агресијата врз Украина

ЕК: Русија не смее да биде наградена за агресијата врз Украина

Брисел, 13 февруари 2025 (МИА) - Русија не може да биде наградена за агресијата врз Украина, изјави денеска портпарол на Европската комисија, одговарајќи на новинарски прашања за разговорот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин.

- Ништо не може да се одлучува за Украина без Украина, истакна портпаролот, додавајќи дека секој праведен и траен мир мора да ги вклучи Киев и ЕУ во преговорите.

Тој нагласи дека потенцијалниот мировен договор мора да ја гарантира територијалната целовитост, суверенитетот и независноста на Украина.

- Лош договор би значел повеќе војна. Нашата задача е да ја поддржиме Украина, рече тој, најавувајќи дека на претстојната Минхенска безбедносна конференција ќе учествуваат претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Според портпаролот, Европската Унија не била информирана за разговорот меѓу Трамп и Путин и не била консултирана за неговото одржување. ссм/

фото: архива

Остани поврзан