Едно лице загина, 25 се повредени во судар на брз воз и камион во Германија
- Едно лице загина, а 25 се повредени, од кои шест потешко, во судар на брз воз и камион во предградието на германскиот град Хамбург, соопшти полицијата.

Берлин, 12 февруари 2025 (МИА) - Едно лице загина, а 25 се повредени, од кои шест потешко, во судар на брз воз и камион во предградието на германскиот град Хамбург, соопшти полицијата.
Во моментот на судирот во возот (ICE) имало 291 лице. Полицијата соопшти дека неповредените патници биле евакуирани и однесени со автобус до блиската станица. Еден сопатник (55) починал на местото на настанот.
Не е утврдено што довело до несреќата. Возачот на камионот е приведен на распит. мс/
фото: Пиксабеј