Еден загинат и еден повреден откако крај Суботица се урна спортски авион
Белград, 14 ноември 2025 година (МИА) - Спортски авион се урна попладнето во близина на Суботица, при што загина маж додека друг е пренесен во болница во Суботица.
Засега нема официјална потврда за состојбата на повредениот.
Авионот се урна недалеку од аеродромот Биково во близина на Суботица, а медиумите јавуваат дека станува збор за спортски авион со двајца патници.
Истрагата е во тек. зш/