• недела, 14 декември 2025

ДПД - Кочани и годинава ја организира хуманитарната акција „И јас сум дете“ за обезбедување новогодишни подароци

ДПД - Кочани и годинава ја организира хуманитарната акција „И јас сум дете“ за обезбедување новогодишни подароци

Кочани, 12 декември 2025 (МИА) - Доброволното противпожарно друштво од Кочани и ова година се вклучи во акцијата „И јас сум дете“ за обезбедување на новогодишни пакетчиња за деца од социјално ранливите категории.

Станува збор за иницијатива преку која на неколку локации во Кочани се поставени кутии за донација на новогодишни подароци кои пред Нова година ќе бидат поделени на деца од ранливите категории.  

Доброволното противпожарно друштво и оваа како и изминативе две години, го организира проектот „И јас сум дете“, во кој собираме новогодишни пакетчиња, односно граѓаните на Кочани донираат новогодишни пакетчиња на местата каде имаме поставено кутии за донации, а тоа се „Кузе Моторс“, маркетите „Кај Тоше“ и „Мјб Рич“. Во наредните денови ќе бидат поставени кутии и на други локации, вели Златко Илије, претседател на ДПД Кочани.

Ги повикуваме сите граѓани кои се во можност да донираат пакетчиња на веќе утвредните локации. Новогодишните подароци ќе бидат собрани од наша страна, а потоа ќе ги доделиме на децата од социјален ризик. Да покажеме дека хуманоста живее во Кочани и дека заедно можеме да израдуваме што повеќе дечиња, повика Илијев.

Освен хуманитарната акција „И јас сум дете“, во следните денови доброволците од ДПД Кочани самоиницијативно ќе реализираат уште неколку празнични активности и проекти во духот на новогодишните и божиќните празници.ис/

Фото: ДПД
 

 

Остани поврзан