• петок, 05 декември 2025

Досега 30 репрезентации изборија учество на СП 2026

Досега 30 репрезентации изборија учество на СП 2026

Загреб, 15 ноември 2025 (МИА) - Хрватска синоќа ги победи Фарските Острови со 3:1 и се квалификуваше за Светското фудбалско првенство 2026.

Хрватите станаа 30. учесник на Мундијалот идната година.

Досега пласман на СП 2026 обезбедија: САД, Мексико, Канада, Австралија, Иран, Јапонија, Јордан, Јужна Кореја, Узбекистан, Аргентина, Бразил, Еквадор, Нов Зеланд, Уругвај, Колумбија, Парагвај, Мароко, Тунис, Египет, Алжир, Гана, Зелено'ртските Острови, Јужна Африка, Катар, Англија, Саудиска Арабија, Брегот на Слоновата Коска, Сенегал, Франција и Хрватска.

Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во Канада, САД и Мексико. За прв пат на турнирот ќе играат четириесет и осум репрезентации. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан