• петок, 05 декември 2025

До 9 часот во Дебар гласале 287 лица, излезеноста идентична со првиот круг

До 9 часот во Дебар гласале 287 лица, излезеноста идентична со првиот круг

Дебар, 2 ноември 2025 (МИА) - На сите 27 гласачки места во општина Дебар непречено се одвива изборниот процес, во рамки на вториот круг од гласањето за градоначалник, со  излезност идентична како и во првиот круг.

-До 9 часот правото на глас го остварија 287 граѓани што е 1 отсто од вкупно запишаните 19762 во единствениот избирачки список. Во првиот круг до 9 часот правото на глас го искористија 242 гласачи, што е идентичен процент со денешниот, рече Рилинд Хаса претседател на општинската изборна комисија.

Споредено со вториот изборен круг на минатите локални избори, во ноември 2021 година, излезноста е помала. Тогаш до 9 часот правото на глас го оствариле 480 граѓани што беше 2,5 отсто од вкупно запишаните 19.211 во единствениот избирачки список.

Според Хаса, изборниот тек минува без проблеми и како комисија очекуваат така да биде до завршување на истиот. Поголема излезност вообичаено се очекува во попладневните часови. вт/лв/

Фото: МИА

Остани поврзан