• петок, 05 декември 2025

До 18.30 часот во Пробиштип на гласање излегле 70,59 отсто од вкупниот број избирачи

До 18.30 часот во Пробиштип на гласање излегле 70,59 отсто од вкупниот број избирачи

Пробиштип, 2 ноември 2025 (МИА) - До 18.30 часот во Пробиштип гласале 8 639 лица или 70,59 отсто од вкупниот број избирачи. Во споредба со првиот круг, на гласачките места денеска излегле пет отсто повеќе избирачи.

Според претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК) - Пробиштип, Јорданчо Димитриев, изборниот ден бил мирен.

Во Пробиштип во 19 часот ќе се затворат 45 избирачки места, а право на глас имаат 12 251 избирач.

Вчера гласаа болни и изнемоштени лица, биле пријавени 263 болни и изнемоштени лица, а своето право на глас го оствариле 255 лица.  Осум лица не го оствариле, бидејќи четворица заминале на болничко лекување, еден избирач починал, а тројца не можеле да си ги најдат личните документи. вдј/мч/

Фото: МИА

Остани поврзан