До 11 часот во Куманово излезеноста 6,42 отсто
- Излезеноста во Куманово до 11 часот е 6,42 проценти, информираа од ОИК Куманово.
Куманово, 2 ноември 2025 (МИА) - Излезеноста во Куманово до 11 часот е 6,42 проценти, информираа од ОИК Куманово.
- Гласањето се одвива тековно, непречено, немаме пријавени проблеми со УБИГ апарати, изјави претседателката на општинската изборна комисија, Кристина Цветковска.
Утрово, навреме беа отворени гласачките места, вкупно 164. Денеска, право на глас имаат 94.041 гласач, со што Куманово е општина со најголем број избирачи. ам/вј/
Фото: МИА