• петок, 21 февруари 2025

Дипломати: ЕУ треба да ги ублажи санкциите кон Сирија

Дипломати: ЕУ треба да ги ублажи санкциите кон Сирија

Брисел, 24 јануари 2025 (МИА) – Министрите за надворешни работи на Европската унија (ЕУ) се очекува да го одобрат ублажувањето на санкциите за Сирија, воведени за време на владеењето на соборениот претседател Башар ал-Асад, на состанокот в понеделник во Брисел, соопштија денеска дипломати.

ЕУ сака да помогне во обновата на Сирија и да изгради односи со нејзините нови лидери кои се посветени на укинување на санкциите, пренесе Бета.

За време на граѓанската војна што започна во 2011 година, беа воведени санкции против владата на Башар ал Асад и цели делови од сириската економија.

Се очекува министрите за надворешни работи на ЕУ в понеделник да укинат дел од санкциите, рекоа дипломатите, додавајќи дека постои консензус за укинување на санкциите во енергетскиот и транспортниот сектор.

Некои земји-членки изразија резерви за укинување на санкциите, барајќи конкретни гаранции од новата сириска влада за политичка транзиција.

- Сакаме со укинувањето на санкциите да испратиме силен политички сигнал, бидејќи е време за рехабилитација на таа земја“, изјави неименуван висок функционер на ЕУ но додаде дека има голема неизвесност за управувањето со Сирија.

Новиот сириски лидер Ахмад ал Шарех и исламистичката група Хајат Тахрир ал Шам што тој ја предводи остануваат под санкции на ЕУ. Засега нема разговори за нивно укинување, додаваат дипломатите. јт/

Фото: ДПА

Остани поврзан