Димовска разговараше со Шамуси за перспективите за соработка со Парламентот на Франција
- Посетата на генералната секретарка Димовска на Парламентот на Француската Република се заокружи со средба со нејзиниот хомолог, генералниот секретар, Дамиен Шамуси.
12 декември 2025
Посетата на генералната секретарка Димовска на Парламентот на Француската Република се заокружи со средба со нејзиниот хомолог, генералниот секретар, Дамиен Шамуси.
На средбата Димовска изрази задоволство од организацијата и програмата за посетата на Француското собрание, динамиката на средби, профилот и експертизата на соговорниците. Димовска подвлече дека на средбите службениците од двете Собранија заклучија дека реципрочната размена на искуства преку постојана комуникација он лајн или во живо, ги унапредува капацитетите на службите како институционална меморија на законодавствните домови. Шамуси искажа задоволство од посетата и ја сподели волјата на службата натамошно да се продлабочи соработката на ниво на служби.
Делегацијата предводена од Димовска присуствуваше на седница на пратенички прашања и на пречекот на претседателот на Националното Собрание.
Дополнително, Димовска оствари средби и со претставници на секторите на Генералниот секретаријат и Претседателството; Комисијата за Европски прашања; како и со Секторот за надзор и проценка; за дигитална комуникација и прес; билатерални прашања; протокол; седници и легислатива; преставници на Парламентарното собрание на Франкофонијата за Европскиот регион и Мрежата на жени, а го посети и ТВ студиото на Националното Собрание.
Заедничка констатација на сите средби беше дека постои взаемен интерес и простор за продлабочување на соработката на ниво на служби. Во периодот што следи службите ќе изработат план на приоритети и динамика на состаноци на ниво на служба.
СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА