• петок, 16 јануари 2026

Диви депонии се чистат во Аеродром, апел за совесно и одговорно фрлање отпад

Диви депонии се чистат во Аеродром, апел за совесно и одговорно фрлање отпад

Скопје, 16 јануари 2026 (МИА) - Јавното комунално претпријатие на Општина Аеродром денеска реализира акција за чистење на поголемите диви депонии на повеќе локации на територија на општината. Со соодветна механизација се врши темелно отстранување на секаков вид отпад, депониран на несоодветни и недозволени места, со цел подобрување на хигиената и заштита на животната средина, соопштија попладнево од локалната самоуправа.

Од Општина Аеродром упатија апел да не се фрла отпад на недозволени локации и да се постапува совесно и одговорно, во интерес на заедницата и јавниот простор.

- Во наредниот период ќе се спроведуваат зајакнати инспекциски контроли, при што против сите прекршители ќе бидат преземени соодветни мерки, согласно со важечките законски прописи, истакнаа од локалната самоуправа.

Додадоа дека Општина Аеродром останува посветена на континуирани активности за унапредување на јавната хигиена и создавање чисто, уредно и здраво опкружување за сите жители. бд/вј/

Фото: Општина Аеродром

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан