Дејан Недев одржа семинар во Индија
- Претставникот на Македонската традиционална карате федерацаија и на Светската традиционална карате федерација, Дејан Недев, од 3 до 7 декември во Бангалор, го водеше ИТКФ карате семинарот.
Бангалор, 8 декември 2025 (МИА) – Претставникот на Македонската традиционална карате федерацаија и на Светската традиционална карате федерација, Дејан Недев, од 3 до 7 декември во Бангалор, го водеше ИТКФ карате семинарот.
Во текот на петте семинарски дена беа реализирани тренинг-сесии од областа на ката, кумите, технички и судиски принципи, со голем интерес и активно учество од страна на индиските карате практиканти.
На свеченото затворање, Дејан Недев беше одликуван со посебно признание за поддршка и развој на каратето во Индија и Азија, што претставува значајно меѓународно признание и потврда за неговиот долгогодишен придонес во традиционалното карате. зс/
Фото: МТКФ