• петок, 21 февруари 2025

Десет претстави на штипски и две гостувања ќе има месецов на репертоарот на Театар Штип

Десет претстави на штипски и две гостувања ќе има месецов на репертоарот на Театар Штип

Штип, 3 февруари 2025 (МИА) – Новиот директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, Филип Стевановски на денешната прес-конференција најави дека во текот на овој месец на репертоарот на Театар-Штип ќе се играат десет театарски претстави и тоа секој вторник и четврток.

Тој истакна дека во текот на февруари ќе имаат и гостивање на ансамблот на Народниот Театар Куманово (НТК) со претставата „Како што сакате“ и на Домот за култура „Бели Мугри“ од Кочани со претствата „Избувливиот човек“. Новина е и што билтерата во зградата на Центарот за култура „Ацо Шопов“ – Штип ќе работи од 9 до 19 часот, додека во деновите кога ќе има претстави во зградата на Театарот билетарата исто ќе работи од 17 до 20 часот, со цел публиката да си ги земи билетите.

Стевановски најави дека оваа година ќе се одбележува стогодишнината од изведувањето на првата опера во Штип и земјава.

-Тоа е една манифестација којашто ќе ја одбележи оваа 2025 година покрај сите други проекти, коишто се во план да ги направат. Во овој проект не сме само ние вклучени, туку повеќе институции од градот Штип, а веќе е планирана и средба за да видиме на кој начин и со која Програма ќе се настапи тука, како и со операта „Паљачи“. Така да мислам дека ќе имаме добри културни манифестации оваа 2025 година, ќе имаме изложби, концерти. Тоа се нашите планови и идеи, вели Стевановски.

Тој истакна дека сите секции и пробите на здруженија си продолжуваат, бидејќи се значаен сегмент во градот Штип. Заложба му е да се врати драмското студио, кое е од значајна улога во градот.

-Ако на мало дете му се даде пристап да има до театар, култура тоа од мали нозе ќе знае што треба и што е вистинска вредност. Така да се стремиме кон враќање на тие секции, што мислам дека ќе успееме во тоа, рече Стевановски.

Според него најголем проект кој треба да го реализираат е поставување на греење во големата сала на Центарот за култура „Ацо Шопов“, а се надева дека ќе има поддршка од Министерството за култура и други институции, бидејќи во зимскиот период во неа не можат да се реализираат настани, бидејќи нема затоплување. Додека во Галеријата предвидено е да искористи и за концерти, со поставување на клавир или пијанино, бидејќи има добра акустика. Најави и дека веќе потпишуваат меморандуми, со цел театарските претстави да се играат и во градовите во источниот регион, како и анимирање на студентите од Музичката и Ликовната Академија да присуствуваат на настаните во Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип. вдј/дма/

Фото: МИА

 

Остани поврзан