Деновиве релативно топло, во среда повремен дожд
- Во следните денови времето ќе биде релативно топло за овој период од годината, а по котлините магливо и постудено.

Скопје, 27 јануари 2025 (МИА) - Во следните денови времето ќе биде релативно топло за овој период од годината, а по котлините магливо и постудено.
Од УХМР најавуваат дека во среда попладне, во вечерните часови и во текот на ноќта кон четврток ќе има повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. сст/дма/
фото МИА архива