Демократски сојуз: Консензус за отворање на портите на ЕУ
- Демократскиот сојуз смета дека градењето единство во врска со нашите стратешки, национални и граѓански интереси е од витално значење за деблокада на евроинтеграциските процеси и владеење на правото. СДСМ и ДУИ во јуни, 2022 година прифатија Преговарачка рамка, без пошироки консултации, со што го блокираа евроинтегративниот процес, загрозувајќи ги европските перспективи на државата и идентитетските обележја на македонскиот народ, се наведува во соопштението од Демократскиот сојуз, што МИА го пренесува интегрално.
10 јануари 2026
Демократскиот сојуз смета дека градењето единство во врска со нашите стратешки, национални и граѓански интереси е од витално значење за деблокада на евроинтеграциските процеси и владеење на правото. СДСМ и ДУИ во јуни, 2022 година прифатија Преговарачка рамка, без пошироки консултации, со што го блокираа евроинтегративниот процес, загрозувајќи ги европските перспективи на државата и идентитетските обележја на македонскиот народ, се наведува во соопштението од Демократскиот сојуз, што МИА го пренесува интегрално.
Сега, кога има повик за градење на поширок меѓупартиски консензус и единство, Демократскиот сојуз ги отвора прашањата кои се од круцијална важност за Македонија:
Прво, темелни реформи на изборните правила и Македонија да биде една изборна единица, со еднакви шанси на сите партии и без трошење пари од Буџетот за изборни кампањи.
Второ, реформи на судскиот систем, преку уставни измени, ограничување на мандатот на судиите и ефективен систем за одговорност.
Трето, донесување на Закон за борба против тешките облици на организиран криминал и формирање на независна Агенција за негово спроведување.
Четврто, укинување на законските решенија за формирање на Техничка (Пржинска влада), чие формирање ги разорува институциите, посебно Министерството за внатрешни работи, кое при формирање на техничка Влада целосно се партизира, со менување на началници на сите носечки сектори итн.
ДС е за тоа да се разгледа можноста за формирање експертска Влада, со мандат од дваесет дена, додека трае изборната кампања и тоа составена од експерти (по примерот на Грција или други држави).
Во услови на големи геостратешки безбедносни предизвици, да се изгради стратегија за позициите на Македонија, усогласување на нашите политики со политиките на нашите стратешки партнери, посебно со САД и стратегија за деблокада на евроинтеграциските процеси со конкретни чекори, барање поддршка од стратешките партнери.
Зад прашањата за кои ке се постигне консензус треба да застанат сите партии и да ги остават партиските и лични интереси, бидејќи се работи за иднината на државата.