Делчевската библиотека ќе реализира два проекти за поголема грижа за библиотечниот фонд, со поддршка од Министерството за култура
- Јавната локална библиотека „Илинден" од Делчево доби поддршка од Министерството за култура за два проекти поднесени во рамки на годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата, од областа на библиотечната дејност за 2025 година, соопштија од библиотеката во Делчево.

Делчево, 3 февруари 2025 (МИА) - Јавната локална библиотека „Илинден" од Делчево доби поддршка од Министерството за култура за два проекти поднесени во рамки на годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата, од областа на библиотечната дејност за 2025 година, соопштија од библиотеката во Делчево.
Проектите, како што информира директорката на установата Биљана Петровска, се однесуваат на поголема грижа за библиотечниот фонд во установата.
- Првиот проект е „Збогатување (набавка) и водење на библиотечен фонд„ одобрен со 99.000 денари и вториот „Унапредување на условите во библиотеката за соодветно чување и презентирање на библиотечниот фонд“ со 51.000 денари. Преку овие два проекти, библиотеката ќе набави голем број на нови наслови кои ќе бидат издадени во текот на годинаата, или и недостасуваат на установата, информираше Петровска.
Дел од средствата, додаде таа, ќе бидат искористени за набавка на полици за соодветно чување на библиотечниот фонд и негово презентирање пред читателите.
- Финансиски средства на библиотеката години наназад и недостасуваат и затоа поддршката за овие проекти е повеќе од добредојдена, додаде Петровска, изразувајќи благодарност до Министерството за култура за поддршката за проектите кои установата очекува да ги реализира во најскоро време. вс/цр
Фото: МИА