Делегација од португалскиот Универзитет „Беира интериор“ во дводневна посета на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“
- Делегација од Универзитетот „Беира интериор“ (UBI) – Португалија престојуваше во дводневна институционална посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, со цел унапредување на меѓууниверзитетската соработка и отворање нови можности за заеднички академски и истражувачки иницијативи, информираат од Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип.
Штип, 26 февруари 2026 (МИА) -Делегација од Универзитетот „Беира интериор“ (UBI) – Португалија престојуваше во дводневна институционална посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, со цел унапредување на меѓууниверзитетската соработка и отворање нови можности за заеднички академски и истражувачки иницијативи, информираат од Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип.
Во состав на португалската делегација беа Жоао Леитао, проректор за финансии, административна модернизација и интеракција со заедницата, Бруно Фереира Коста, проректор за интернационализација и институционална комуникација, и д-р Дина Переира, менаџер на UBIMedical.
-Делегацијата најпрвин имаше средба со раководството на УГД, а потоа и со сите декани на факултетите при Универзитетот. За време на средбите со раководството и претставници на факултетите при УГД беа разгледани конкретни можности за продлабочување на соработката. Во фокусот на разговорите беа: проширување на Еразмус-договорите (области и број на мобилности); развој на заеднички студиски програми, вклучително и можности за двојни дипломи и онлајн курсеви; идентификација на заеднички истражувачки области; подготовка на апликации за европски фондови и заедничко учество во проекти финансирани од ЕУ, соопштуваат од УГД-Штип.

Во соопштението се вели дека посетата претставува продолжение на претходните средби меѓу двете институции и дел од стратегиските заложби на УГД за јакнење на интернационализацијата и позиционирање на Универзитетот во европскиот академски простор.
Од двете страни била изразена подготвеност за понатамошна интензивна соработка, со конкретни чекори во насока на формализирање на нови договори и иницирање заеднички проектни активности во наредниот период. вдј/вј/
Фото: УГД-Штип