• сабота, 13 декември 2025

Делегација на Јавното обвинителство во посета на највисоките јавнообвинителски институции во Португалија

Делегација на Јавното обвинителство во посета на највисоките јавнообвинителски институции во Португалија

Скопје, 18 октомври 2025 (МИА) - Делегација на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, Советот на јавните обвинители и Академијата за судии и јавни обвинители во периодот од 13-17 октомври престојуваше во студиска посета на Лисабон, Португалија.

Во рамките на посетата на португалското Државно јавно обвинителство и на Вишиот совет на јавни обвинители, тие се запознаа со правната рамка и начинот на функционирање на јавнообвинителските институции во оваа европска земја, особено од аспект на финансирањето и самостојноста на јавнообвинителскит систем, транспарентноста на постапките, оценувањето и надзорот над работењето на јавните обвинители.

Учесниците на студиската посета се сретнаа и разменија искуства со Дејвид Александрино де Агилар, јавен обвинител во португалското државно јавно обвинителство, со Марија Ракел де Карвајо, членка на Советот и со претставници на инспекциската служба на Советот, а беа примени и од Пауло Моргадо де Карвајо, заменик-генерален обвинител на Португалија.

Учесниците го посетија и специјализираното јавно обвинителство за истраги во Лисабон каде директорката Мариа де Лурдес Парада ги запозна со електронскиот систем за водење на предметите. Ова обвинителство постапува по најтешките и најсложените предмети во Португалија, вклучувајќи ја и истрагата за неодамнешната несреќа на португалската жичница „Глорија”.

Во Академијата за правни студии во Лисабон учесниците дискутираа и разменија искуства во поглед на надлежностите, организациската структура, финансирањето и програмите за почетна и континуирана обука на јавните обвинители.

Посетата ја организираше проектот “Поддршка на ЕУ за владеење на правото”, финансиран од Европската унија. мч/

фото: Јавно обвинителство

Остани поврзан