Дел од населбата Горно Лисиче денеска без вода за пиење
- Поради санирање на дефект на приклучна водоводна цевка со пречник од еден цол на улица „Божин Николов“ 49, денеска од 10:20 часот со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците „Божин Николов“, „Лисец“, „Горноврановска“, „Божидар Рајковиќ“ и „Горно Лисиче“.
Скопје, 24 јануари 2026 (МИА) - Поради санирање на дефект на приклучна водоводна цевка со пречник од еден цол на улица „Божин Николов“ 49, денеска од 10:20 часот со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците „Божин Николов“, „Лисец“, „Горноврановска“, „Божидар Рајковиќ“ и „Горно Лисиче“.
Како што информира ЈП Водовод и канализација - Скопје, прекинот во водоснабдувањето ќе трае до завршување на работните активности.вј/
Фото: МИА архива