„Дезинформации: како да се препознаат и да се спречат“ - настан со кој се заокружува Твининг проектот „Зајакнување на капацитетите на АВМУ и на Јавниот радиодифузен сервис“
- „Дезинформации: како да се препознаат и да се спречат“, е насловен настанот што денеска ќе се одржи, а со кој се заокружува Твининг проектот „Зајакнување на капацитетите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на Јавниот радиодифузен сервис“. Проектот е финансиран од Европската Унија, а спроведуван од германската Фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ).

Скопје, 24 јануари 2025 (МИА) - „Дезинформации: како да се препознаат и да се спречат“, е насловен настанот што денеска ќе се одржи, а со кој се заокружува Твининг проектот „Зајакнување на капацитетите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на Јавниот радиодифузен сервис“. Проектот е финансиран од Европската Унија, а спроведуван од германската Фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ).
Како што соопштија од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), во рамки на настанот ќе се одржи панел дискусија и промоција на Прирачникот за справување со дезинформации, а воведни обраќања ќе имаат Холгер Албрих, проектен лидер, Лазо Петрушевски претседател на Советот на АВМУ, Драган Николовски, главен и одговорен уредник на првиот програмски сервис на Македонската радио телевизија.
За панел дискусијата најавено е присуство и на Микалис Рокас, амбасадор на Европската Унија во Република Северна Македонија и Петра Дрекслер, амбасадорка на Сојузна Република Германија. цр/са/
Фото: МИА архива