• петок, 05 декември 2025

Девојка од Србија пријавила возач на такси во Скопје за допирање по телото и бакнување

Девојка од Србија пријавила возач на такси во Скопје за допирање по телото и бакнување

Скопје, 20 ноември 2025 (МИА) - Девојка од Србија пријавила возач на такси во Скопје за допирање по телото и бакнување.

Од Министерството за внатрешни работи попладнево информираат дека таа го пријавила случајот доцна синоќа.

- Синоќа во 21:30 часот во Секторот за внатрешни работи - Скопје, 18-годишна девојка од Србија, со привремен престој во Скопје, пријави дека околу 15:15 часот, додека се возела во такси возило на подрачјето на Гази Баба, такси возачот ја допирал по телото и ја бакнал, појаснуваат од Министерството за внатрешни работи.

Од Министерството потенцираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. бд/вг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан