• петок, 20 февруари 2026

Дебата за Стратегијата за образование 2026-2030 на Филозофскиот факултет во Скопје

Дебата за Стратегијата за образование 2026-2030 на Филозофскиот факултет во Скопје

Скопје, 21 јануари 2026 (МИА) - Дебата посветена на Стратегијата за образование 2026-2030 се одржала денеска на Филозофскиот факултет во Скопје, на која министерката Весна Јаневска истакнала дека во овој документ фокусот е ставен на развој на нова програма за предучилишно образование, инклузија во основното и средното образование, како и примена на нови формули за финансирање на училиштата.

-Иста така, се предвидува и подобрување на инфраструктурата, како и оптимизација на училишната мрежа и воведување едносменска работа, примена на нов концепт на матура, развој и промоција на неформалното образование и нова законска регулатива во високото образование и науката, посочила Јаневска, напоменувајќи дека имплементацијата на документот ќе обезбеди поквалитетен национален образовен систем.

Нацрт-верзијата на Стратегијата е изработена преку широка дискусија, наведува МОН во соопштението, „со учество на бројни чинители - Делегацијата на ЕУ, УНИЦЕФ, Светска банка, ГИЗ, УНДП, Бирото за развој на образованието, Центарот за развој на стручното образование, Државниот испитен центар, Државниот просветен инспекторат, универзитетски професори, невладиниот сектор“.

-По објавата на ЕНЕР-системот минатиот месец и интегрирањето на дел од пристигнатите сугестии, се очекува Стратегијата да биде усвоена до крајот на јануари, соопшти Министерството за образование и наука. хс/вг/

Фото: МОН 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан