Јаневска: Прифатливи се аргументирани забелешки за законот за високо образование, нема да се занимаваме со оние што се под нивото на академска дискусија
- - Државата Македонија нема време за потпросечни, па и просечни и ретки добри резултати. Ние мора да го држиме чекорот со регионот и светот, инаку сè повеќе деца ќе ни се иселуваат и сè повеќе деца ќе даваат придонес во други држави. Една од причините зошто младите се иселуваат е и тоа што бараат поквалитетно образование. Направени се доволно напори преку овој закон да се исполнат повеќе критериуми, кои ни се неопходни за поголема видливост на универзитетот и на професорите. Законот бара и научноистражувачка работа и промена во студиските програми, но не со мешање во автономијата на универзитетот, и поголема законска контрола преку законот за квалитет во високото образование и вмрежување со странски универзитети и во разни алијанси, и двојни и заеднички дипломи... Ако имплементацијата оди добро, за неколклу години ќе имаме видлив пораст на квалитетот и покачување на нашите универзитети на ранг-листите, рече министерката Јаневска.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.