• петок, 20 септември 2024

Дебарски пожарникари гаснеа пожар во Пешкопеја

Дебарски пожарникари гаснеа пожар во Пешкопеја

Дебар, 20 септември 2024 (МИА) - Дебарски пожарникари интервенирале во гаснење на пожар кој зафатил објект на правен субјект за производство на мебел во соседниот албански град Пешкопеја.

- Помогнавме во справувањето со пламените јазици кои брзо се ширеа, имајќи го во предвид материјалот кој беше во објектот, лоциран во населбата „Доброва" во Пешкопеја, град кој е на оддалеченост од Дебар на 23 километри, потврди за МИА, Џетан Мифтароски, командир на дебарската ТППЕ.

Додаде дека интервенирале со едно возило и 4 пожарникари, заедно со нивните колеги од Пешкопеја и Булќиза.

- Ова не е првпат нашата единица, да учествува во гаснење на пожари во соседните албански населени места. Тоа од хуман аспект а во договор меѓу градоначалниците на двата града  додава Мифтароски.

Дека дебарските пожарникари помогнале да се спречи  поголема катастрофа, односно зафаќање и на други објекти објавија и албанските медиуми, кои ја пренесуваат и благодарноста на локалната власт на Пешкопеја. 

Инаку,  дебарската ТППЕ освен на територијата на општина Дебар интервенира и во општина Центар Жупа, како и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше. вт/

Фото: ТППЕ-Дебар

 

Остани поврзан