• петок, 05 декември 2025

Две лица загинаа а три се повредени во сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Росоман, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Две лица загинаа а три се повредени во сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Росоман, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Росоман, 4 ноември 2025 (МИА) - Денеска околу 17:00 часот пријавена е сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила на патот А1 Прилеп - Росоман во близина на село Радобил. Од несреќата пет лица се здобиле со повреди, од кои три се пренесени во болница во Прилеп, а две во болница во Кавадарци, а лекар констатирал смрт кај две лица, информираа вечерва од МВР. 

Оттаму соопштија дека од 18:00 часот сообраќајот се одвива по една коловозна лента со наизменично пропуштање на возилата.

-Со детали соодветно ќе ја известиме јавноста по завршувањето на увидот, додадоа од МВР. свд/вј/

Фото: МИА 

 

 

Остани поврзан