• петок, 05 декември 2025

Двајцата уапсени за нападот со нож во воз на станицата во Хантингдон се родени во Велика Британија, соопшти полицијата

Двајцата уапсени за нападот со нож во воз на станицата во Хантингдон се родени во Велика Британија, соопшти полицијата

Лондон, 2 ноември 2025 (МИА) - Двете лица уапсени во врска со нападот со нож врз возот се родени во Велика Британија, соопшти Британската полиција, цитирана од ДПА.

Тие се на возраст од 32 и 35 години. Тие беа приведени откако возот од Донкастер до лондонската станица „Кингс Корс“ беше запрен на станицата Хантингдон.

Полицијата смета дека нападот не бил мотивиран од терористички побуди. Две лица остануваат во опасност по нивните животи по крвопролевањето во брзиот воз.

Во нападот девет лица се здобија со повреди и се во животозагрозувачка состојба, изјави денеска британскиот министер за одбрана Џон Хили. рп/

Остани поврзан