Двајца убиени во напад со украински дронови во Саратов
- Две лица загинаа ноќеска во напад со украински дронови врз рускиот град Саратов, изјави денеска регионалниот гувернер Роман Бусаргин.
Москва, 13 декември 2025 (МИА) - Две лица загинаа ноќеска во напад со украински дронови врз рускиот град Саратов, изјави денеска регионалниот гувернер Роман Бусаргин.
Во изјава на Телеграм, Бусаргин напиша дека две лица загинале, а неодреден број биле ранети во напад врз станбена зграда во градот.
Саратов, кој се наоѓа на реката Волга на околу 625 километри од украинската граница, во последните години е предмет на повторени напади со дронови, насочени кон неговата рафинерија за нафта и голема воздушна база во близина.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека соборило вкупно 41 беспилотни летала преку ноќ, од кои 28 биле над регионот Саратов.
Украинците ојавија дека вчера Одеса и регионот биле нападнати пет пати. Локалните канали на Телеграм јавија дека нападот бил комбиниран со дронови и ракети. Локалните власти ги повикуваат жителите да се засолнат во засолништата од бомби. мс/
фото: ЕПА архива