• петок, 05 декември 2025

Градоначалничката на Кисела Вода Стаменкоска-Трајкоска од сабота почнува со приемни денови за граѓаните

Градоначалничката на Кисела Вода Стаменкоска-Трајкоска од сабота почнува со приемни денови за граѓаните

Скопје, 10 ноември 2025 (МИА) - Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска од сабота започнува со приемни денови за граѓаните. 

- Во насока на транспарентно и отчетно работење, како и со цел директно да се слушнат и навремено да се одговара на потребите на граѓаните, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, од оваа сабота започнува со приемни денови за граѓаните. На овој начин се воспоставува отворена и непосредна комуникација со жителите на Кисела Вода, која ќе придонесе за поефикасно решавање на нивните проблеми и унапредување на квалитетот на живот во општината, информираат од прес-службата на Општина Кисела Вода.

Приемните денови ќе се одржуваат во просториите на Општина Кисела Вода, а сите заинтересирани жители кои сакаат да остварат средба со градоначалничката можат да ја закажат секој работен ден, од понеделник до петок, во периодот од 08:00 до 16:00 часот, на телефонскиот број 02/2785-401.

По извршеното пријавување, граѓаните ќе бидат дополнително контактирани за точното време на нивната средба. фф/са/

Фото: Општина Кисела Вода

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан