• петок, 16 јануари 2026

Градоначалникот на Пробиштип додели пригодни подароци на првороденото дете во 2026 година

Градоначалникот на Пробиштип додели пригодни подароци на првороденото дете во 2026 година

Пробиштип, 16 јануари 2026 (МИА) – Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски денеска беше во посета на првороденото дете во општината во 2026 година. Во објавата на социјалните мрежи од Општина Пробиштип се вели дека градоначалникот Тоневски  доделил пригодни подароци од страна на Општина Пробиштип и од Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

-Малата Исидора, родена на 1 јануари во 00:22 часот е првото новороденче во Општина Пробиштип во новата 2026 година и претставува голема радост за родителите Бојана и Даниел Филиповски од Пробиштип. Општина Пробиштип упатува искрени честитки до семејството Филиповски, со желби малата Исидора да расте здрава, среќна и безгрижна, исполнувајќи го домот со радост, љубов и семејна топлина, вели Тоневски.

Тој додава дека како општина ќе продолжат и понатаму да ги поддржуваат семејствата и најмладите жители, со цел создавање подобри услови за квалитетен и безбеден живот во локалната заедницата.  вдј/вј/

Фото: Општина Пробиштип

 

Остани поврзан