• петок, 05 декември 2025

Градоначалникот Грозданов на прва работна средба во КЈП „Водовод“

Градоначалникот Грозданов на прва работна средба во КЈП „Водовод“

Кочани, 11 ноември 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов денеска оствари работна средба со раководните служби од КЈП „Водовод“ и со административните службеници задолжени за комунални работи од Општина Кочани, на која беше разгледана севкупната состојба во кочанското комунално претпријатие.

Констатирана е незавидна состојба со јавната чистота, намалени капацитети на човечки ресурси и лоша финансиска положба на КЈП „Водовод“.

Од средбата се произлезени заклучоци за брза реакција и вложување максимални напори за подобрување на состојбите од секој аспект, особено во делот на хигиената на јавните површини.

Наскоро „Водовод“ ќе добие директор што ќе менаџира за поефикасно и ефективно работење на комуналното претпријатие. ис/вј/

Фото: Општина Кочани

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан