Град Скопје: Распишана јавна набавка за изградба на кружен тек на крстосницата меѓу улиците Ѓорче Петров и Македонска војска
- Денеска градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски оствари работна средба со градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојковски и пратеникот Бојан Стојановски на која беше соопштено дека е распишана јавната набавка за изградба на кружен тек на крстосницата меѓу улиците Ѓорче Петров и Македонска војска, една од најкритичните точки во Скопје, со цел подобрување на безбедноста и проточноста на сообраќајот, стои во соопштението на Град Скопје кое МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 14 ноември 2025
Денеска градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски оствари работна средба со градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојковски и пратеникот Бојан Стојановски на која беше соопштено дека е распишана јавната набавка за изградба на кружен тек на крстосницата меѓу улиците Ѓорче Петров и Македонска војска, една од најкритичните точки во Скопје, со цел подобрување на безбедноста и проточноста на сообраќајот, стои во соопштението на Град Скопје кое МИА го пренесува интегрално.
Во прилог изјавата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски: „Ѓорче Петров добива модерен кружен тек и започнуваме со вистински промени. Денес ја распишавме јавната набавка за изградба на кружен тек на една од најкритичните точки во Скопје, крстосницата меѓу Ѓорче Петров и Македонска војска. Со тоа обезбедуваме повеќе безбедност, помалку метеж и побрзо движење.
Овој проект е дел од нашата визија Нула несреќи, со која до 2030 година ќе редизајнираме 50 опасни крстосници и улици по европски стандарди, за Скопје да стане град во кој сите учесници во сообраќајот се движат сигурно и без страв.
Во Ѓорче Петров следуваат и други крупни зафати, како ново поврзување на Лука Геров, реконструкција на улицата 101 во Волково, проектирање на Веле Марков како нова сообраќајна артерија и изградба на Шарпланинска со модерна инфраструктура и зеленило.
Овие инвестиции значат подобра мобилност, побезбедни улици и повисок квалитет на живот за целиот западен дел на градот. Продолжуваме посветено со работа, со план и со љубов кон Скопје.“
Град Скопје