• петок, 05 декември 2025

Гласот на Коле Неделковски во проектот „Гласот на револуционерите повторно се слуша“ на „Нова Македонија“

Гласот на Коле Неделковски во проектот „Гласот на револуционерите повторно се слуша“ на „Нова Македонија“

Скопје, 6 ноември 2025 (МИА) - Коле Неделковски (1912-1941) во македонската национална меморија останува запаметен како еден од најреволуционерните поети во македонската книжевност. Проектот „Гласот на револуционерите повторно се слуша“ на „Нова Македонија“ продолжува со неговите зборови.

Коле Неделковски е човекот кој ја откри заборавената книга „За македонцките работи“, член на Македонскиот литературен кружок од Софија, афирматор на македонскиот јазик во литературата и убеден антифашист.

Неговата песна „Глас од Македонија“ е една од најпознатите револуционерни песни во македонската книжевност, а неговото творештво се карактеризира со употреба на македонскиот говор особено видливо во неговите збирки „Молскавици“ и „Пеш по светот“. 

Како поет и македонски национален деец соработувал со Никола Вапцаров и Кочо Рацин. вг/

Фото: Архивска фотографија

Остани поврзан