• петок, 05 декември 2025

Германскиот оператор на аеродроми Фрапорт ја намали прогнозата за сообраќајот во Франкфурт

Германскиот оператор на аеродроми Фрапорт ја намали прогнозата за сообраќајот во Франкфурт

Франкфурт, 11 ноември 2025 (МИА) – Германскиот оператор на аеродроми Фрапорт очекува помал број патници на во Франкфурт оваа година отколку што претходно се предвидуваше, соопшти компанијата во својот квартален извештај во вторникот.

Операторот на најголемиот германски аеродром сега прогнозира околу 63 милиони патници, што е намалување во однос на претходната проценка од до 64 милиони.

Ова значи дека претпандемискиот рекорд од речиси 70,6 милиони патници во 2019 година сè уште е далеку. Фрапорт ја обвини високата владина такса и даноците во Германија, кои го зголемуваат трошокот на патување со авион.

За разлика од тоа, аеродромите на Фрапорт надвор од Германија бележат значително посилен раст. На ниво на целата групација, воздушниот сообраќај во првите девет месеци од годината за првпат се врати на нивото од 2019 година.

Грчките аеродроми на Фрапорт бележат зголемување од 21,3 отсто во однос на нивото од 2019 година, додека Лима во Перу е зголемена за 8,1 отсто, а Анталија во Турција за 6,8 отсто. Франкфурт, пак, сè уште заостанува за 12,2 отсто.

Во третиот квартал, приходите на Фрапорт останале стабилни на 1,35 милијарди евра (1,5 милијарди долари), што е исто како и во истиот период минатата година.

Оперативната добивка пораснала за 23 отсто, на 593 милиони евра, што ги надминало просечните очекувања на аналитичарите.

Нето-приходот што им се припишува на акционерите се искачил за речиси третина, на 303 милиони евра. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан