• сабота, 22 февруари 2025

Германија, Чешка, Данска и Австралија го надминаа првото коло од Светската група во Дејвис купот

Германија, Чешка, Данска и Австралија го надминаа првото коло од Светската група во Дејвис купот

Берлин, 1 февруари 2025 (МИА) - Германија победи со 3-1 над Израел и продолжува во второто квалификациско коло за завршницата на Дејвис купот во 2025 година, и покрај отсуството на нивната голема ѕвезда Александар Зверев.

Шампионите во двојки на финалниот АТП турнир, Кевин Кравиц и Тим Пуц победија во двојки со 6-3, 6-0 над Даниел Какерман и Амит Валес. Германија поведе со 2-0 по првиот ден по успесите во сингл на Максимилијан Мартерер и Јаник Ханфман.

Израел беше домаќин, но поради политичката ситуација на Блискиот Исток натпреварот се одигра во Вилнус (Литванија).

Зверев е аут една недела по играњето во финалето на Австралија опен, а Германија остана и без Јан-Ленард Штруф, кој поради болест мораше да се повлече од тимот.

Второто квалификациско коло за ноемвриската завршница во Болоња (Италија) е во септември. Таму Германија ќе се соочи со селекцијата на Јапонија која со 3-2 ја совлада Велика Британија.

Австралискиот тим, кој има 28 титули во Дејвис купот, славеше со 3-1 над Шведска. Во двојките Метју Ебден и Џон Пирс ги победија Филип Бергеви и Андре Горансон со 6:7(7), 6:3, 6:2, откако Алекс де Минор и Александар Вукиќ постигнаа успеси во сингл.

Во Копенхаген, Данска направи пресврт од 0-2 до 3-2 против селекцијата на Србија која остана без својата голема ѕвезда Новак Ѓоковиќ. Холгер Руне и помогна на Данска да постигне удобна победа во двојки со Јоханес Ингилдсе, а потоа се искупи петочниот пораз во сингл победувајќи го Миомир Кецмановиќ со 6-2, 6-4.

Во другите натпревари во натпреварувањето, Австрија ја совлада Финска со 4-0, Хрватска победи против Словачка со 3-1, а Чешка со 4-0 ја совлада Кореја. дс

Фото: Архива

Остани поврзан