• петок, 05 декември 2025

Герасимовски: 515 ученици евакуирани безбедно во симулација на земјотрес и пожар во училиштето „Јохан Хајнрих Песталоци“

Герасимовски: 515 ученици евакуирани безбедно во симулација на земјотрес и пожар во училиштето „Јохан Хајнрих Песталоци“

Скопје, 3 декември 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, присуствуваше на симулациска вежба за евакуација при земјотрес и нус-појава на пожар во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“. Вежбата имаше за цел да ја провери подготвеноста на учениците, наставниот кадар и персоналот за брза и координирана реакција во кризна ситуација, соопштија од Општина Центар.

-Овие обуки не смеат да бидат формалност, туку мора да станат  задолжителна и редовна пракса во образовниот систем. Сите училишта треба да ги знаат протоколите за евакуцација во случај на катастрофа. По трагичниот пожар во објектот Пулс во Кочани, треба да ја кренеме свеста на највисоко ниво за важноста на ваквите подготовки, рекол Герасимовски на настанот.

Сценариото опфатило симулиран земјотрес и пожар, по што била извршена итна евакуација на 515 ученици и персоналот. Било демонстрирано и укажување прва помош и згрижување на можни повредени. На терен учествувале и екипи на СВР, Црвениот крст и НОУП Центар, кои ги провериле своите протоколи и координација.

-Ваквите симулации се клучни за навремена и правилна реакција во реални услови. Општина Центар продолжува да вложува во унапредување на безбедносните стандарди и редовни обуки во училиштата, се вели во денешното соопштение. сст/дма/

Фото: Општина Центар

Остани поврзан