Герапетритис и Саар разговарале за унапредување на стратешката соработка меѓу Грција и Израел
- За регионалните случувања и унапредувањето на стратешката соработка меѓу Грција и Израел, меѓу другото, разговарале шефовите на грчката и израелската дипломатија Јоргос Герапетритис и Гидеон Саар за време на нивната денешна средба, информираа од Министерството за надворешни работи на Грција на платформата Икс, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 3 февруари 2025 (МИА) – За регионалните случувања и унапредувањето на стратешката соработка меѓу Грција и Израел, меѓу другото, разговарале шефовите на грчката и израелската дипломатија Јоргос Герапетритис и Гидеон Саар за време на нивната денешна средба, информираа од Министерството за надворешни работи на Грција на платформата Икс, јави дописничката на МИА од Атина.
Според истите информации Герапетритис на средбата го поздравил договорот за прекин на огнот и ослободување на заложниците и ја истакнал важноста сите заложници да се вратат дома.
Средбата е во рамките на посета на шефот на грчката дипломатија на Блискиот Исток, а попладнево ќе отпатува за Рамала, каде што ќе се сретне со палестинскиот премиер и министер за надворешни работи. ср/сд/
Фото: Министерство за надворешни работи на Грција