• понеделник, 12 јануари 2026

Гаши донираше средства за три училишта во пресрет на новогодишните празници

Гаши донираше средства за три училишта во пресрет на новогодишните празници

Скопје, 23 декември 2025 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска донираше финансиски средства за специјалните училишта „Златан Сремец“ – Скопје, „Иднина“ – Скопје и „Лирија“ – Тетово, во рамките на активностите по повод новогодишните празници.

-Оваа симболична акција е израз на нашата институционална посветеност кон децата кои заслужуваат континуирана поддршка и најдобри можни услови за развој и образование, изјави Гаши при посетата, пренесуваат од Собранието.

Тој изрази надеж дека донацијата ќе помогне во подобрување на условите за работа и учење, како и дека ќе внесе дополнителна мотивација кај учениците и наставниот кадар.ар/лв/

Фото:Собрание

Остани поврзан