• понеделник, 12 јануари 2026

Темелно се реконструира Месната заедница во Драчево

Темелно се реконструира  Месната заедница во Драчево

Скопје, 12 јануари 2026 (МИА) - Започнати се градежните работи за темелна реконструкција на објектот на Месната заедница во населба Драчево. Реконструкцијата опфаќа целосна санација на кровот и обнова на фасадата, што ќе придонесе за унапредување на енергетската ефикасност, соопштија од општина Кисела Вода.

Како што се посочува, предвидена е комплетна замена на електричната инсталација, водоводната и канализационата мрежа, а греењето и ладењето во новиот објект ќе се одвива со инвертер сплит системи.

Покрај надворешната обнова, објектот ќе добие и целосно нова функционална внатрешност, прилагодена на современите потреби на граѓаните.

-Со реконструкцијата се подобруваат и конструктивните и функционалните својства на објектот, кој подолг период беше во лоша состојба. Новата месна заедница ќе обезбеди модерен, безбеден и квалитетен простор за одржување на состаноци, активности и услуги за жителите на Драчево, наведуваат од Општината.

Проектот се реализира со средства од Владината програма за капитални инвестиции, финансирана преку унгарскиот кредит, и претставува дел од пошироката стратегија за рамномерен развој на сите населени места во Општина Кисела Вода. вг/

Фото: Општина Кисела Вода

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан