• понеделник, 08 декември 2025

Гаши: Денешниот ден да биде поттик за поголема посветеност кон образованието, науката, толеранцијата и меѓусебното почитување

Гаши: Денешниот ден да биде поттик за поголема посветеност кон образованието, науката, толеранцијата и меѓусебното почитување

Скопје, 8 декември 2025 (МИА) - Претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитка по повод државниот празник Св. Климент Охридски. 

- Делото на Св. Климент Охридски претставува темел на писменоста, образованието и духовната култура на македонскиот народ. Неговото наследство е универзална вредност што ги надминува верските и етничките граници и претставува симбол на знаењето и напредокот. Овој ден нè потсетува дека вложувањето во образованието, културата и знаењето е најсилниот темел врз кој се гради стабилна, праведна и демократска држава. Во тие вредности препознаваме заедничка цел – силно, обединето и перспективно општество за сите граѓани. Нека празникот биде поттик за уште поголема посветеност кон образованието, науката, толеранцијата и меѓусебното почитување, напиша Гаши во честитката. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан