• петок, 21 февруари 2025

Вучиќ: И владата и јас сакаме дијалог и разговори со другата страна (ДПЛ)

Вучиќ: И владата и јас сакаме дијалог и разговори со другата страна (ДПЛ)

Белград, 27 јануари 2025 (МИА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека разговарал со претставниците на Владата и оти заклучиле дека се грижат да ја слушнат другата страна (студентите), дека сакаат дијалог и разговор, наведувајќи дека актуелната ситуација во Србија никому не му одговара.

Вучиќ во палатата „Србија“ рече дека по падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад се слушале разни обвинувања против државните органи, повици за уривање на државата, како и неодговорни изјави и дека се создала атмосфера што не е од корист за никого во Србија.

„Во тие три месеци дадовме се од себе да покажеме емпатија и помош на семејствата кои тоа го побараа, се обидовме да ги утврдиме причините за трагедијата. Обвинителството поднесе 13 обвиненија против одговорните лица, исто толку колку што донесе една Турција за 80 мртви во голем пожар“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека пред неколку дена побарал од претставниците на Владата конечно да му кажат на што инсистира другата страна.

Говорејќи за барањата на студентите, Вучиќ рече дека е подготвен да потпише одлука за помилување од кривично гонење за оние кои сакаат, вклучително и отфрлање на обвиненијата против уапсените и приведените на протестите.

„Тринаесет студенти и професори се гонети и за сите 13 е предвидено да се донесе одлука за помилување. Никогаш не сум донел одлука за помилување, секогаш е ризично, не можеш да ја земеш правдата во свои раце, ова ја отвора Пандорината кутија. За момент чекавме обвинителството да отфрли дел од кривичните пријави, постои основано сомнение дека сториле кривични дела. Ако нема друго решение, согласно законот, без разлика што, поради принципот, разбирам колку е важно, ќе бидам подготвен да потпишам помилување од кривично гонење за тие што сакаат, тоа ќе го направам најдоцна в среда. Останува уште барање за прекршочни дела, тоа е за МВР на Србија“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека Јавното обвинителство покренало кривична постапка против 37 лица за напади врз студенти и професори, против 26 лица во Белград, осум во Нови Сад, двајца во Шабац и едно лице во Вршац се покренати постапки и оцени дека второто барање на студентите е исполнето.

Претседателот на Србија изјави дека е објавена целата документација поврзана со настрешницата на железничката станица во Нови Сад, која се урна на 1 ноември, при што загинаа 15 лица. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан