Вучевиќ ги покани ректорите, деканите, професорите и студентите во Србија на средба во Владата
- Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска ги покани сите ректори, декани, професори и студенти на универзитетите и факултетите во државата да дојдат во Владата на средба на која ќе се разговара за студентските барања за кои тврди дека се целосно исполнети.

Белград, 27 јануари 2025 (МИА) - Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска ги покани сите ректори, декани, професори и студенти на универзитетите и факултетите во државата да дојдат во Владата на средба на која ќе се разговара за студентските барања за кои тврди дека се целосно исполнети.
„Ајде да разговараме за овие теми што ги предложија како клучни - и за овие четири барања низ кои поминуваме заедно, за да видат дека совесно пристапивме и апсолутно ги исполнивме“, изјави Вучевиќ.
Тој додаде дека вратите на Владата се секогаш отворени и дека државните претставници се секогаш подготвени да разговараат.
„Не прифаќам флоскули дека е прерано или доцна за разговори, мислам дека секогаш е време за разговори и мислам дека е лековито за целото општество. Тоа го очекуваат сите граѓани од нас - и од Владата, но и од луѓето кои ги водат блокадите“, рече тој.
Тој оцени дека на Србија и треба смирување на страстите, рационален пристап. зш/