• петок, 05 декември 2025

Патувачката платформа Балкански медиумски камион ќе ги посети Битола, Гостивар, Штип и Скопје

Патувачката платформа Балкански медиумски камион ќе ги посети Битола, Гостивар, Штип и Скопје

Скопје, 3 ноември 2025 (МИА) - По турнејата во Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија, Балканскиот медиумски камион (Balkan News Truck) пристигнува во Македонија. Овој пат ќе застане во Битола, Гостивар, Штип и Скопје.

Балканскиот медиумски камион е патувачка платформа што ги истражува вестите, сликите и критичкото размислување. На секоја станица, камионот ќе биде поставен на централни јавни простори, нудејќи проекции, квизови и разговори за тоа како настануваат информациите, како се споделуваат и како ги доживуваме.

Ова е можност за граѓаните да се соберат, да разменат мислења и да ги согледаат вестите од поинаква перспектива — со цел да се поттикне критичко размислување, медиумска писменост и отворен дијалог за улогата и влијанието на информациите во секојдневниот живот.  

Настаните се бесплатни и отворени за сите.   

Македонската турнеја на Балканскиот медиумски камион е дел од предпрограмата на Деновите на медиумска писменост, што ќе се одржат од 17 до 24 ноември годинава. 

Балканскиот медиумски камион е иницијатива што ја спроведува CFI – Француската Агенција за развој на медиуми со поддршка на Министерството за Европа и надворешни работи на Франција, во рамките на проектот Shared Horizons.са/

Фото: плакат

Остани поврзан