Дводневен хакатон за изработка на бизнис планови за основање реални училишни компании
- На Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, денеска почнува дводневниот хакатон на кој ученици и наставници од регионалните центри за стручно образование и обука, под менторство на професори и студенти од факултетот ќе изработуваат бизнис планови за основање реални училишни компании.
Скопје, 23 декември 2025 (МИА) - На Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, денеска почнува дводневниот хакатон на кој ученици и наставници од регионалните центри за стручно образование и обука, под менторство на професори и студенти од факултетот, ќе изработуваат бизнис планови за основање реални училишни компании.
На почетокот на хакатонот, воведно обраќање ќе има министерката за образование и наука Весна Јаневска. са/ев/
Фото: МИА