• петок, 05 декември 2025

Втор круг на локалните избори во Македонска Каменица

Втор круг на локалните избори во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 2 ноември 2025 (МИА) - Во Македонска Каменица денес се одржува вториот круг од локалните избори 2025 година. Граѓаните денес го избираат новиот градоначалник на општината, а во трката се Димчо Атанасовски и Соња Стаменкова.

Според податоците од Општинската изборна комисија, до 9 часот своето право на глас го искористиле 330 избирачи од вкупно 6.650 запишани во избирачкиот список. Гласањето се одвива во мирна и демократска атмосфера, без пријавени неправилности.

Вчера, право на глас имаа болните и изнемоштените лица. Од пријавени 56 избирачи, гласале 55 лица, соопштија од изборната комисија.

Избирачките места ќе бидат отворени до 19 часот, по што ќе започне пребројувањето на гласовите и објавувањето на првичните резултати.

Изборниот ден во Македонска Каменица досега поминува мирно и без проблеми. вс/вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан