• сабота, 13 декември 2025

ВРЕДИ: Изборите се одржуваат во демократска атмосфера и без инциденти, одговорните институции да продолжат со професионалноста

ВРЕДИ: Изборите се одржуваат во демократска атмосфера и без инциденти, одговорните институции да продолжат со професионалноста

Скопје, 19 октомври 2025 (МИА) - До овој момент изборите се одржуваат во мирна и демократска атмосфера, без пријавени инциденти, притисоци и без агитации на гласачките места. Вака го оцени денешниот изборен ден портпаролот на изборниот штаб на ВРЕДИ, Дритон Суљејмани.

Суљејмани нагласи дека ова е позитивен сигнал дека земјата влегува во фаза на демократска зрелост каде што, како што рече, почитувањето на волјата на граѓаните е пред се.

-Коалицијата Влен оценува дека процесот се одвива нормално и ги повикува одговорните институции да продолжат со професионализам, транспарентност и непристрасност во управувањето на денот на изборите, рече Суљејмани на денешната прес-конференција.

Ги повикасите граѓани кои се уште не гласале, да го остварат своето уставно право и да го дадат својот дел од овој демократски процес. 

-Секој глас е важен. Секој граѓанин има своја тежина во донесувањето на одлуките. Да докажеме денес дека знаеме како да гласаме мирно, со достоинство и со одговорност за иднината на нашите општини, рече Суљејмани. фф/вј/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан